22-годишната манекенка Орла Мелиса Слоун, ѕвездата на сајтот за возрасни „OnlyFans“ се покажа како вистинска опасност за фудбалерите за кои е заинтересирана. Во аферата вклучени се Бен Чилвел, Мејсон Маунт и Били Гилмур
Мејсон Маунт ја тужел откако 21 пат го променила телефонскиот број за да му се јавува и да го прогонува, а тој го блокирал секој нејзин број. Потоа му испратила видео на кое плаќа 12,99 фунти за нов број, истакнувајќи дека „повеќе не купува храна за да може да купи што повеќе броеви“.
Така, Слоун била соочена со докази и била принудена на суд да ги признае делата за кои е обвинета. Мелиса признала дека ги прогонувала фудбалерите во текот на 2022 година. Мејсон Маунт го вознемирувала од 19-ти јуни до 28-ми октомври, Бен Глимор од 10-ти септември до 28-ми октомври, додека Бен Чилвел го вознемирувала нешто пократко, од 20 до 29 октомври. Пресудата ќе биде изречена на 20. јуни.
Мејсон признал дека контактирал со неа и се гледале повремено во период од 6 месеци, но кога конечно решил да ја прекине врската, тоа воопшто не ѝ се допаднало на Мелиса. Таа била опседната со него и му се заканила со зборовите: – Мора да ми се извиниш или ќе запознаеш „Ѓаволица“!
Мејсон дури и се исплашил дека Мелиса би можела да го посети за време на тренингот, па поради тоа ја тужел.
Следен бил Бен Чилвел. Мелиса признала дека се запознале откако се допишувале преку Инстаграм, па ја поканил на забава дома, каде поминале една ноќ заедно. Откако сфатила дека ни Бен не сака ништо со неа, таа на социјалната мрежа направила профил „DevilBaby_10“ и го искористила да направи колаж од фотографии на кои Чивел е со други жени.
Били Гилмур, кој сега е член на Брајтон, се чини дека поминал најлошо, иако најкратко бил прогонуван. Според него, „Ѓаволицата“ продолжила да го вознемирува дури и кога се преселил на југот на земјата. Тој објаснил дека ја видел само еднаш на кратко, но таа толку многу го вознемирувала што земал таблети за спиење, а подоцна тоа се одразило на неговиот учинок на теренот.
Последно во низата скандали на оваа девојка е видеото од еден супермаркет на кое таа е во долна облека во вид на тигарски костум.