Софија Вергара веќе со години живее во Лос Анџелес, каде папарацо фотографите секојдневно ја следат, па имаме можност да го видиме нејзиниот стил на облекување во различни делови од денот.
Позната по носењето „animal“ дезени и скапоцени чанти, ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ со текот на времето бира едноставност, а токму такво тренди здолниште носела и овојпат.
Пред неколку денови Софија Вергара била забележана како излегува од деловен состанок, а за оваа прилика носела маслинести сандали од брендот „Alevi“ на тенка потпетица.
Покрај класичната тексас кошула, најмногу внимание привлекло здолништето – модел на австралиската модна куќа „Zimmermann“ чија цена изнесува 795 евра, но слични модели можат да се најдат и во нашите продавници за многу, многу пониска цена.
Станува збор за здолниште со сирена крој кое целосно е „залепено“ со горниот дел и од средината до колковите постепено се шири. Таквите модели се многу добри за истакнување на фигурата на тело и се лесни за комбинирање, па поради тоа спаѓаат во вонвременски модни парчиња.