Легендарниот пејач Шабан Шаулиќ кој во февруари загина во сообраќајна несреќа во Германија на својата банкарска сметка имал заштеда од два милиони евра која ја криел од жена му Гордана и од двете деца.
-Во текот на целата кариера со парите располагаше Гордана. Таа ги водеше сите состаноци, договараше настапи и одлучуваше што ќе се прави со секој негов хонорар. Но, Шабан не беше наивен, па дел од парите го тргаше настрана на сметка во банка. Со тие пари сакал да си го осигура семејството – вели пријател на Шабан за “Скандал“.
Тој објасни дека се работи за сметка во една германска банка, а неговата сопруга ќе може да ја користи сметката само преку адвокат.
-Парите сега им припаѓаат на Гордан и на децата, но само преку адвокат можат да стигнат до сметката. Верувам дека и банката ги информирала за банкарската сметка и начинот како да ја користат.
(фото: Драган Удовичиќ)