Рано утрово во 04.54 часот на цела територија на Македонија почувствуван е силен земјотрес.
Земјотресот беше со јачина од 5.0 степени.
Рано утринава, на 11.11.2020 година во 04 часот и 54 минути, регистриран е земјотрес чии епицентар се наоѓа 50 km југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, за ТВ 21 изјавија од Сеизмолошката опсерваторија.
-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML5.0, велат од Сеизмолошката опсерваторија.
Земјотресот бил почуствуван и во Албанија и во Косово.
Познато е дека животните чувствуваат дека ќе има земјотрес неколку секунди пред истиот да го стресе тлото. На Твитер се појави и виде направено во близина на Зоолошката градина во Скопје на кое се слушаат и паничните крици на животинките внатре.
Животинкиве гревчиња ЗОО Скопје #земјотрес pic.twitter.com/zdqtcAw2ZH
— Sylvester (@Sylvester_mk) November 11, 2020