Сопственикот на училиштето за сурфање од Калифорнија кој е обвинет за убиство на своите две мали деца во Мексико е следбеник на теоријата на заговор на Куанон и Илуминатите, кои го убедиле таткото дека дечињата ќе „израснат во чудовишта“ и затоа тој морал да ги убие, соопштија ФБИ, пренесува Ен-Би-Си њуз.
Метју Тејлор Колман (40) е обвинет за убиство на неговиот 2-годишен син и 10-месечната ќерка. Властите соопштиле дека Колман ги признал убиствата и му кажал на ФБИ дека ги избодел со харпун, пишува Ен -Би -Си Њуз.
Во кривичната пријава се наведува дека тој му рекол на ФБИ дека ги убил своите деца затоа што верувал дека „ќе пораснат во чудовишта“ и дека неговата сопруга им пренела „змиска ДНК“.
Сопругата на Колман ја контактирала полицијата во Санта Барбара, откако нејзиниот сопруг излегол со децата во саботата, но не и кажал каде одат. Таа се загрижила откако тој не одговорил на нејзините пораки, па затоа, знаејќи дека нејзиниот сопруг нема седиште за деца во автомобилот, повикала полиција.
Полицијата преку апликацијата Find My iPhone дознала дека последната локација на Колман била во Росарито, Мексико. Колман бил уапсен откако полициските службеници на границата го прегледале неговото комбе при повторното влегување во САД и пронашле траги од крв во возилото.
Колман им признал на властите дека ги убил своите деца. Полицијата во Мексико ги пронашла нивните тела, а Колман потврдил дека станува збор за неговите деца.