Чуварот му забранил на еден повозрасен жител на Мостар да влезе во зградата на Заводот за пензиско осигурување во Мостар бидејќи се појавил во кратки панталони, но снаодливиот пензионер нашол урнебесно решение со кое стана хит на социјалните мрежи.
Откако обезбедувањето инсистирало дека не може да влезе во службените простории, пензионерот отишол во блиската продавница, купил фустан до колена, го облекол и се вратил во Заводот. Со фустанот ги исполнил условите за влез во зградата, влегол и мирно си го чекал својот ред, пренесува Бљесак.инфо.
Фотографијата од снаодливиот мостарски пензионер облечен во фустан со колена брзо осамна на социјалните медиуми и предизвика многу симпатии и досетливи коментари.
„Граѓани на Мостар ако треба да одите во зградата на Сојузниот завод за пензиско и инвалидско осигурување, мора да бидете вака облечени. Чевли или чизми до глужд наречени калоси одоздола. Не заборавајте“, напиша мостарскиот пензионер покрај фотографијата на која позира во својот нов „аутфит“.