Кристијана К, на која и се суди за бруталното убиство на пет деца во Солинген, Германија, од затворот испрати вознемирувачко писмо до нејзината мајка и единствениот преживеан син.
Мајката, која на почетокот на септември минатата година ги уби своите деца Лука (8), Тим (6), Софија (3), Леона (2) и Мелина (1) во состојба на нарушување, во своите писма тврди дека е невина и зборува за своите цимери, објаснувајќи колку ужасни изгледале.
Кристијана ги дрогирала своите деца, а потоа ги удавила сите. Најстариот син преживеал затоа што бил во училиште за време на злосторството. Сега мајката се обидува да ја открие судбината на малиот Марсел, кој живее со неговата баба, мајката на Кристијана, по трагедијата.
Писмата вчера му беа прочитани на семејството на суд, а во нив Кристијана ја прашува нејзината мајка како е Марсело, за кого се верува дека намерно го поштедил. Таа изјави дека сака да го види, бидејќи е невина и не ги изврши ужасните убиства што се товарат против неа.
Потоа Кристијана во писмото наведува дека во затворот има „многу лоши родители“ кои ги малтретирале децата и ги оставале да умрат од глад.
– Кој можеше да стори такво нешто? – прашува Кристијана во писмото. Таа исто така напишала како се сретнала со жена која се обидела да се самоубие трипати поради нејзиниот сопруг.
– Нешто такво не е направено, тоа е таква глупост – наводно наведува таа во писмото.
За време на судењето, судијата истакна дека Кристијана е многу полна со самодоверба и многу одлучна во своите писма. Се смета дека е многу интелигентна и дека се обидува да манипулира.
Да потсетиме, кобното утро кога децата беа убиени, Кристијана станала како и секое друго утро и ги сместила децата да појадуваат. Ставила седативи во нивната храна и децата почнале да се гушат, а оние кои е се загушиле , таа самата ги докрајчила.
Се верува дека таа го сторила злосторството во состојба на емоционална вознемиреност откако се разведла од сопругот. Пред злосторството, таа живеешла разделена од нејзиниот последен сопруг една година. Кристијана се омажи за поранешен војник Паскал (28) во 2014 година, тие имаа четири деца и живеејле заедно со уште две деца од нејзините претходни врски. Биле среќно семејство, до 2019 година, кога се разведоа.
После тоа, таа остана сама со децата. Од некоја причина, таа реши да го поштеди својот најстар син. По ужасното злосторство, таа отишла да го земе Марсел на училиште и му кажала дека во семејството се случила смрт. Се качија на возот за Дизелдорф, а таа се прости од својот син кога го смени возот за друго место, каде што требаше да ја посети својата баба.
Кристијана преку „WhatsApp“ испратила порака до нејзината мајка, признавајќи и ’што сторила, и по 20 минути на станицата во Дизелдорф, се фрлил под возот.
Таа претрпе сериозни, но не и опасни по живот повреди.
После тоа, бабата повикала полиција, која ги пронашла телата на несреќните деца во станот.