Германскиот лекар Винфрид Штекер, кој сам ја направи вакцината против вирусот корона, и со неа ги вакцинираше семејството и пријателите, доби кривична пријава.
Штекер, кој има мала клиничко-имунолошка лабораторија во Либек, развил вакцина за корона. Прво ја тестирал вакцината врз себе, по што на 8 мај објави дека е имун на вирусот корона.
Потоа ги вакцинирал своите деца и сопруга, како и 100 волонтери. Откако успешно ја тестираше својата вакцина, тој му се обрати на претседателот на Институтот Пол Ерлих, институцијата одговорна за одобрување на вакцината.
Штекер му рекол на Институтот дека има ефикасна вакцина со која може да се изврши вакцинирање и чека позитивен одговор. Сепак, наместо да одговори, Штекер добил повик од полицијата со информација дека е поведена истражна постапка против него за кршење на законот за лекови.
Адвокатот на Штекер побара да се прекине истрагата и истакна дека неговиот штитеник ја дал својата вакцина како дел од „индивидуалните обиди за лекување“, за што не е потребна дозвола за производство.
Покрај тоа, тој наведува дека сите вакцината ја примиле доброволно. Штекер е убеден дека неговата вакцина може да вакцинира три четвртини од населението во Германија во рок од половина година.
Како што рече, тој не сакал да заработи на вакцината, но му било важно да ја стави пандемија под контрола, па затоа сакал да ја сподели својата формула со светот.