Нови снимки од дивеењето на студентите од регионов кои учествувале на Дифовијада во Охрид, се објавени од хрватскиот портал „24 сата“.
Станува збор за настан на кој учествувале стотици студенти од регионот, а снимките од демолирањето на хотелот „Десарет“ и распуштеното и неодоговорно однесување наводно доаѓаат од забава која ја организирале студентите на 12 кинезиолошки факултети од Хрватска и регионот.
„Тоа беше вистински „крш и лом“. Сите дојдовме таму да се опуштиме, а некои малку ја поминаа границата, како што се гледа, изјави студент кој учествувал на „Дифовијадата“ во Охрид за „24 сата“.
Порталот објави нова, досега необјавена снимка од дивеењето на студентите, на која се гледа како, меѓу другото, тие ги вадат лустерите и ги користат како чаши од кои пијат алкохол.
На претходната снимка можеше да се види инвентарот на хотелот, скршени стакла, пивски шишиња на покривот, тоалет кој изгледа како да е запален…
Од хотелот велат дека се многу изненадени од однесувањето на студентите, за кои велат дека биле од Хрватска и од Србија, и посочуваат дека ова не е првпат да имаат големи групи студенти кои доаѓаат да се дружат, но никогаш досега немало проблеми.