Гинеколог од Египет, што Ројтерс ја нарекува едноставно Лејла, нуди операции за рекупнструкција на хименот за жените во внатрешноста на Египет, а на тој начин вели, спасува животи, иако своите услоги ги рекламира како „услуга за здравје и убавина“.
Во конзервативните општества како Египет, „непроменетиот“ химен е важна потврда за невиноста. Уништениот химен на невестата може да доведе до непријатност во неа или во семејството на младиот човек. Во најлошите случаи, може да поттикне таканаречени убиства за чест кои обично ги вршат роднините на жртвите.
„Ова е наша медицинска должност, да ги заштитиме девојчињата од убиства и социјалната стигма на која се изложени поради хименот“, вели гинекологот Лејла, која користела псевдоним за да може слободно да зборува за својата работа.
Хируршката поправка или реконструкција на хименот, позната како хименопластика е легална во Египет, но за повеќето е недостапна, чини приближно двапати од просечната месечна плата.
За жените во руралните области како што е Горен Египет, каде што ставовите се обично ултра-конзервативни, пристапот до процедурата е уште потежок. Здравствените услуги се ограничени и малку жени имаат средства да платат за операција. Лејла редовно патува во далечните египетски провинции за да изврши хименопластика за околу една третина од вообичаената цена.
„На мојата страница на Фејсбук објавувам дека ќе одам во одредена провинција на одреден ден… Луѓето закажуваат термин и јас правам операции во нивниот дом“, рече таа.
„Има девојки кои не можат да најдат лекари во Горен Египет, и многу е тешко да се зборува за тоа или да се подигне свеста таму бидејќи тоа е многу конзервативно општество“, вели Лејла.
Во последните девет години, вели таа, извршила околу 1.500 операции, од кои околу една третина ги направила бесплатно за особено ранливите жени.
Египетското Министерство за здравство и Националниот совет за жени, кои немаат податоци за хименопластика или убиства за чест, одбија да коментираат.
Групите за човекови права велат дека илјадници жени и девојчиња се убиваат секоја година на Блискиот Исток и Јужна Азија од страна на членовите на семејството лути поради вооченото прекршување на нивната „чест“, според Ројтерс.