Драгомир Бојаниќ Гидра е српски актер чија кариера ја одбележа улогата на Жика Павловиќ во филмскиот серијал “Луде Године”. Роден е на 13 јуни 1933 година во Крагуевац, а починал на 11 ноември 1993 година.
Работел во фабриката за конзерви Црвена Ѕвезда, каде се задржал една година. Во тој период започнал да се бави со глума, која го напишала неговиот животен пат. Колегите од Народниот театар во Крагуевац му купиле одело и карта за Белград каде полагал приемен испит на Академијата за театар, филм, радио и телевизија.
Веднаш бил примен и паднал во класата на професорот Раша Павловиќ. Бидејќи професорот знаел дека Гидра нема каде да спие, им рекол на чистачките да му подготват една од просториите во кои ги чувале метлите. Набрзо почнал да игра во театар и во филмови. Следувале голем број на улоги на кои им се посветил и поради нив не дипломирал. На Академијата ја запознал две години постарата актерка Лјилјана Контиќ која ја викал Лјалја. Иако таа по студиите играла во театарот во Ужице и Вршац, нивната врска опстанала. Во 1966 година тие се венчале, а во 1970 година ја добиле ќерката Јелена. Актерот сопругата и ќерката ги прчекал пред породилиштето, а донел и музичари да прослават.
Бил многу приврзан за семејството. Својата ќерка ја крстил во Москва додека бил на снимање за филмот “Свадба”. Јелена исто како и нејзините родители се занимавала со глума. Лјилјана и Гидра се разведувале два пати, но повторно се смирувале бидејќи не можеле еден без друг. Актерката била столб на нивната куќа и ја жртвувала својата кариера за семејниот мир. Тој тоа знаел да го цени и често својата сопруга и ќерката ги водел на снимањата, за да не бидат долго раздвоени. Гидра бил омилен меѓу колегите кои говореле за него дека е “вицкаст глумец со ведар дух.
Ги поддржувал младите актери и им делел совети. Никола Којо во едно интервју изјавил дека во 1986 година Гидра го посетил додека служел вojска. Заминале во кафана, ручале и му дал пари. Му рекол дека дошол оти има некакви обврски, но тоа не било точно. Пристигнал само за да го види него.
Сакал да оди во кафеани и бил голем боем, кој секаде бил дочекан со насмевка. Исто така, познато е дека Гидра бил yaпceн поради кажување на вицеви за Тито. Кога отишле да го посетат во затвopoт, виделе како ги забавува полицajците кажувајќи им ги истите тие вицеви.