Младиот брачен пар Мартин и Бети направија хуман гест. Тие парите собрани од својата свадбена веселба ги донираа за лекување на Никола Новоселски.
32 -годишниот Никола Новоселски од сeло Муртино пред неколку години доживеа тешка сообраќајна несреќа од која сеуште се опоравува. Се здоби со тешки телесни повреди на главата кои предизвикаа трајни последици и се уште се наоѓа во коматозна состојба, без можност да се движи и зборува. По краткото неуспешно лекување во клиниките низ Македонија, беше пуштен на домашно лекување во видно влошена здравствена состојба по што следуваше макотрпна секојдневна борба на неговите најблиски да му овозможат адекватна нега и лекување во домаши услови и на свој трошок.
Инаку, вчера мајката на Никола, Мара Новоселска испрати благодарност до Бети и Мартин за донацијата за лечење на нејзиниот син.