Газдата на ИТ Кафе во Охрид ги испрати своите 140 вработени на платен одмор во Турција, стои во објава на Твитер.
-ИТ кафе затворено заедно со уште еден ресторан. Причина? Епа газдата на тие 2 објекти и на уште една фабрика си им уплати на вработените (140 на број) одмор во Турција Ultra all Inclusive. Многу од нив прв пат се качија во авион, – пишува на Твитер налогот на Плавуша со црн корен.
На фејсбук-профилот на овој објект на 11 септември е споделена објава која гласи дека периодов ИТ кафе нема да работи поради колективен одмор на вработените.
Инаку, вакво хумано дело од бизнисмен досега не е забележано во Македонија, посебно не во време кога многу приватни бизниси „настрадаа“ поради пандемијата од коронавирус.