Германската компанија CureVac соопшти дека нејзината експериментална вакцина против коронавирусот предизвикала имунолошки одговор кај животните , иако им била давана помала доза.
Компанијата објави дека има намера да започне испитувања со луѓе во јуни и дека сегашните резултати покажуваат дека нивниот „кандидат за вакцина може да предизвика силен имунолошки одговор за неутрализација на вирусот САРС-КоВ-2“.
Претприемачот Дитмар Хоп е ко-основач на CureVac и поседува повеќе од 80% од акциите, пишува Ројтерс.
Според извештаите на медиумите, САД се обиделе да ја добијат вакцината, што предизвика политичка реакција во земјата во март, а германските власти изразија желба CureVac да остане германска компанија.
Менаџментот на CureVac негира дека добил понуди од Соединетите држави.
Компанијата со седиште во Тибинген, поддржана од фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, претходно објави дека се надева дека ќе ја развие вакцината до јуни или јули до степен до кој ќе може да започне со тестирање врз луѓето.
CureVac го користи таканаречениот пристап за РНА-месинџер (mRNA), како и неговите ривали BioNTech и нејзиниот партнер Pfizer и Moderna, компании кои започнаа со тестирање врз луѓе. Компанијата Translate Bio и нејзиниот партнер Sanofi исто така работат на вакцина заснована на гласничка РНК.