Фудбалерот на Колербах, Јаник Нонвајлер (24) почина во болница во Хамбург кратко откако се пожали на главоболка.
Нонвајлер е поранешен репрезентативец на Германија за играчи до 18 години, беше играч на Колербах во 6. лига, во саботата ги посетил своите родители, му се слошило и со хеликоптер бил пренесен во Хамбург каде починал.
Поранешниот репрезентативец на Германија играше за Сарбрикен, Карлсруе, Штутгарт…
„Засекогаш ќе останеш во нашите срца„ – напиша ФК Колербах.