Германскиот принц Ото од Хесеј загина на автопат во Баварска откако откако со својот моторцикл Дукати вреден 20.000 евра се забил во заштитната ограда, каде останал наместо мртов.
-Сеуште од непознати причини, возачот изгубил контрола на моторот и влетал во заштитната ограда – стои во полицскиот извештај. Портпаролот на полицијата смета дека до несреќата дошло поради преголемата брзина.
Инаку, Ото бил бизнисмен кој поседувал неколку фрашизи на Мекдоналдс во јужна Германија. Еден негов пријател откри дека тој напорно работел во своите ресторани и дури сам ги приготвувал бургерите. Ото е со потекло од германска династија која е поврзана со пруските владари, а се сметало дека бил во роднинсни врски и британското кралско семејство.
Во 1998 години Ото се оженил со Карла Бликхозер во Лаас Вегас, а по 19 години брак, во 2017 година, се развел, Имале четири деца. Ото особено сакал брзи автомобили и мотори.
-Празнината што ја остава е огромна. Ќе направиме се рестораните да го задржат неговот име – напишаа неговите вработени на Фејсбук.