„Мислам дека ќе го видиме ефектите што може да се припишат на вакцинацијата за прв пат во јуни“, рече за телевизијата ЗДФ во неделата вечерта Кристијан Дростен, директор за вирусологија на универзитетската болница во Берлин.
На прашањето за годишни одмори, отворање тераси во ресторани и скара со пријатели, тој објасни дека многу работи сега можат да се дозволат на отворено, но не треба еуфорија.
Но, Достен предупреди дека не треба да се паѓа под чувството на „целосна еуфорија“ прерано. Тој истакна дека колективниот имунитет ќе ја подобри состојбата наесен, но предупреди дека „болеста нема да исчезне наесен“.
“Невакцинираните лица ќе продолжат да се заразуваат и да се разболуваат, но нема да има повеќе неконтролирано ширење на вирусот, додаде тој.