Тинејџерка (18) од Берлин преживеала пекол откако млад човек (22) кого го запознала на одмор, ја киднапирал и со денови ја малтретирал.
Тој наводно дошол во Берлин минатата недела за да ја запознае девојката, која многу му се допаднала за време на неговиот одмор во странство.
Двајцата се сретнале во нејзиниот стан во Берлин и тогаш започнал пеколот за младата девојка. Тој ѝ се заканил со пиштол, ја врзал, насилно ја внел во својот автомобил и возел 780 километри до својот дом во Шварцвалд.
Германец (22), кој нема криминално досие, ја заклучил во својот стан и со денови ја малтретирал.
Кога нејзините родители сфатиле дека ја нема, веднаш повикале полиција.
По тридневна потрага, полицијата конечно успеала да го пронајде девојчето и да го уапси напаѓачот.
„При претресот на станот е пронајден празен пиштол“, изјави портпаролот на германската полиција.
Во соопштението се наведува дека девојката била неколку пати силувана и веднаш била пренесена во болница каде била детално прегледана.
Осомничениот е во притвор и не се знае дали го признал делото.