Приказната за пензионерот Хајнц Б. од германскиот град Дармштат изненади многумина. Изгледа како бездомник, но всушност е милионер.
80-годишникот е многу штедлив, живее од фрлена храна и поседува недвижен имот вреден цело богатство, пренесува Билд.
Кога новинарите го сретнале пред две години, тој поседувал седум куќи и два стана, додека на својата банкарска сметка имал неверојатни 500.000 евра.
Сега му останале само 15 евра заштеда, бидејќи неодамна подигнал 700.000 евра и купил десетта куќа! Заложил дополнителни 100.000 евра во друга банка.
„Живеам штедливо, така пораснав“, вели тој.
Хајнц Б. е електроинженер кој секој месец добива пензија од 3.750 евра. Неговиот единствен луксуз се лаптоп и интернет конекција. Не сака да поседува мобилен телефон.
„Тоа би ме чинело дополнителни 10 евра месечно“, рече тој.
Пензионерот открива дека за храна не троши повеќе од пет евра месечно. Повремено купува масло или нешто за пржење, но поголемиот дел од храната што ја наоѓа е од ѓубре.
„Луѓето се расипнички и фрлаат толку многу што можеш да го нахраниш целото семејство! На пример, купуваат пакет колбаси, јадат еден, а остатокот го фрлаат во канта“, вели Хајнц Б.
Неговите соседи ја оставаат нивната фрлена храна на оградата, а тој за возврат ги снабдува со добро сочувани предмети од гломазниот отпад.
Имено, пензионерот собира сѐ што може и го пренесува на стар велосипед. Тој ги чува работите на својот имот.
Најмногу купува имоти до кои може да стигне со велосипед, бидејќи сите поправки за станарите ги врши сам.
„Мајсторите наплаќаат 55 евра за половина час работа. Изнајмувањето и онака тешко се плаќа, па каде на друго место да го платам“, искрен е тој.
На прашањето кој ќе го наследи неговото богатство, тој одговори:
“Немам идеја. Имам неколку далечни роднини, но не можат да платат данок на наследството. Можеби само ќе им ги дадам куќите на станарите“.