Минатото лето Кристијано Роналдо реши да направи огромен шок и да замине во Ал Наср, каде практично направи револуција, бидејќи огромен број на светски фудбалски ѕвезди решија да го следат во Саудиска Арабија, каде Португалецот едноставно ужива.
Неговата сопруга Георгина на својот Инстаграм профил се пофали дека не им е тешко да бидат во Саудиска Арабија, но уште повеќе, овој фудбал го гледаат како продолжен одмор во кој ужива и таа со сопругот.
Георгина објави слики на Инстаграм од неа и Кристијано заедно со нивните деца на плажата на Црвеното Море, каде што трчаа, тренираа и ги покажаа своите раскошни тела.
Облините на Георгина го одземаат здивот на машката популација, додека за девојките се погрижи Кристијано, кој го покажа своето мускулесто тело и на крајот од четвртата деценија.