Холивудската глумица Гвинет Палтроу позира топлес додека ја претставува својата нова линија накит, G Label.
Палтроу позирше со десната рака нежно покривајќи ги голите гради, додека го претставуваше својот ѓердан – златен чокер од 2.500 долари.
Фотографијата не само што го покажува телото на Гвинет, туку дава и увид во нејзината врска со ќерката Епл (17). Гвинет откри дека таа и Епл ќе добиваат нов пирсинг на секој роденден на ќерка ѝ.
„Секоја година на роденденот на Епл добиваме нов пирсинг – тоа е наша традиција. Таа беше голема инспирација за оваа колекција и ми помогна да ги рафинирам дизајните. Парчињата накит ги именував по неа и нејзините најдобри пријатели “, напиша Гвинет на веб-страницата на својот бренд Goop („ Гуп “).