Актерката Гвинет Палтроу откри дека нејзиниот 15-годишен син Мојсеј е горд што продава секс играчки.
Актерката рече дека неодамна нејзиниот син и рекол дека е малку засрамен што продава вибратори.
„Но, потоа додаде: „Сфатив дека не треба, тоа е одлично – го поттикнуваш чувството дека не е срамно да се купи нешто. Ти си феминистка“, рече Гвинет во шоуто на Елен Деџенерис.
„Бев многу среќна. Беше толку слатко. Сигурна сум дека тој се уште е малку засрамен, но многу добро се справува со тоа“, додаде таа.
Актерката не откри што мисли за сето ова нејзината 17-годишна ќерка Епл.
Гвинет во својата понуда има и свеќа наречена „Ова мириса на мојата вагина“, која ја продава за 75 долари.