„Gangsta’s Paradise“ е хит од 1995 година за кој починатиот рапер Кулио освои Греми за најдобра рап соло изведба. Читајќи вести, водителката ја прочита песната како „Gang staz paradajz“.
Водителката на јавниот радиотелевизиски сервис во Србија направи прилично голем гаф во утринската програма во живо.
Во четвртокот наутро водителката известувала за смртта на познатиот рапер Кулио, кога ја направила ненамерна грешка.
Зборувајќи за најголемиот хит на раперот, песната „Gangsta’s Paradise“ од 1995 година, за која беше награден со Греми за најдобра соло рап изведба, водителката на програмата во живо ја нарече песната „Gang staz paradajz“.
https://twitter.com/i/status/1575388423673757696