Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за ТВ Прва изјави дека постои теорија на заговор, додавајќи дека и меѓу лекарите имаа различно мислење за вакцините. Тој нагласил, ако целта е сите да се вакцинираме и да се продаваат вакцини, нормално е дека постои теорија на заговор, додвајќи дека и меѓу лекарите имаа различно мислење за вакцините.
– Не сум против вакцинација, против сум политизација на целата приказна. Ќе се вакцинирам кога вакцината ќе биде меѓународно верифицирана – рекол Дачиќ.
– Оваа падемија е далеку од поголемите пандемии. Од свински грип починале од 170 до 500 илјади луѓе. Не кажувам дека се претерани мерките, но се прашувам зошто е тоа така. Дали нас ни следува уште полошо сценарио. Ако некој исфрли вакцина во септември, јас можам да гарантирам дека сето тоа е смислено многу порано. Невозможно е тоа за така кусо време – заклучил Дачиќ.