Кога некој ќе стори сообраќаен прекршок, колку пати сте ја чуле реченицата „Сигурно возела жена“. Ако не дивее зад воланот, не труби затоа што некој „долетал“ пред неа или ѝ го пресекол патот – таа сигурно е жена. Овие стереотипи станаа толку вкоренети во менталитетот на луѓето што не само што жените се сметаат за лоши возачи, туку се создаваат и посебни места за паркирање.
Токму таквата сцена ја сними еден читател во една гаража во Скопје. Како што може да се види на фотографиите, паркинг местата „за дами“ се специјално обележани на првото ниво.
Само мажите можат да паркираат на второто ниво, веројатно затоа што тоа ниво е „потешко“.
На прв поглед, ова може да изгледа убаво – ако верувате дека луѓето што стојат зад овие натписи можеби сакале да им дадат предност на дамите, не сакајќи припадничките на понежниот пол да ,,лутаат” понатаму за да најдат паркинг.
Меѓутоа, ако сте жена и возач и сте сигурни дека возите подобро од некои мажи, ова може да биде навредливо. Особено што знаете дека на секој чекор, жените ги понижуваат во сообраќајот, дека им трубат, им дофрлаат, затоа што, за мислете, тие не тргнале пред да се запали зеленото светло.
Што сакаше да постигне личноста која обележа посебни места „за дами“ , не сме сигурни и веројатно нема ни да дознаеме, но зарем не мислите дека е време да застанеме на патот на овие стереотипи ?
Како што жените повеќе пати покажаа дека се добри возачи, така и мажите покажаа дека се вешти во кујната, а некои дури и готват подобро од своите подобри половини.
Ние не обележуваме посебни места за мажи, иако тие се полоши од жените во многу работи.
Токму затоа, ваквите натписи не се потребни, бидејќи тие ги навредуваат и едните и другите – во овој случај жените …
Comments are closed.