Откако претседателот Стево Пендаровски изрази загриженост дека нашите млади не знаат ниту еден бугарски актер, а ги знаат сите српски турбофолк ѕвезди, преку Твитер му одговори поранешната министерка за култура Ганка Цветанова.
– Мене ме загрижува фактот што македонските пејачи и актери никој не ги знае во регионот, така да Пендаровски – како претседател на Македонија- би требало да поработи на нивна промоција и афирмација. За српските и бугарските нека се секираат нивните претседатели – напиша Ганка Цветанова.