Познатиот актер Иан Мекелен е итно пренесен во болница откако се повредил во текот на настап. Синоќа, за време на изведбата на претставата „Player Kings“ во лондонскиот театар „Ноел Кауард“, 85-годишниот актер Сер Иан Мекелен доживеал несреќа на сцената што резултирала со хоспитализирање.ж
Деталите за падот на Мекелен сè уште не се сосема јасни, но се наведува дека инцидентот се случил во текот на сцената од тепачка, кога актерот паднал од сцената.
Кога се вклучиле светлата во гледалиштето, актерот викал од болка, а вработените во театарот брзо му притрчаке напомош.
Еден гледач изјавил за Би-би-си дека инцидентот бил „многу шокантен“.
– Искрено се надевам дека ќе биде добро. Колку што можев да видам, тој беше свесен затоа што бараше помош – рекол гледачот.
По падот на Мекелен, претставата била откажана, а публиката била принудена да го напушти театарот. Оваа несреќа ги оставила присутните во шок, а безбедноста и добросостојбата на актерот сега се во фокусот на сите надлежни институции.