Меѓу уапсените 18 лица за кражба на луксузни автомобили од неколку европски држави се и газдите на два познати угостителски локали во центарот на Скопје, дознава сдк.мк од извори на истрагата. Едниот од нив е и сопственик на фабрика за колачиња, а меѓу уапсените е и газда на менувачница.
Од МВР, пак, уапсени се пет вработени од управните служби, кои ги фалсификувале и ги подготвувале документите за регистрација на украдените нови возила. Возилата што се краделе па препродавале биле исклучиво под лизинг во странство.
Осуммина од овие 18 се осомничени за кривичните дела Криумчарење, Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, Компјутерски фалсификат и Фалсификување исправи, а останатите 12 физички и едно правно лице се осомничени за кривични дела кои се гонат во скратена постапка.
Целиот текст на: САКАМДАКАЖАМ.МК