Ракометарите на Вардар со фантастичен пресварт против Барселона повторно го израдуваа македонскиот народ. Се славеше по кафеаните, кафулињата, на улица…
Победата вардарци ја прославија во соблекувалната, а заедно со победничкиот тим беше и сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко кој заедно со играчите го сподели големиот триумф и пласманот во големото финале на Лигата на Шампиони.