Еден ресторан во италијанскиот кварт Тревизо започна необична акција и го привлече вниманието на локалната јавност.
Имено, сопственикот одлучил гостите да плаќаат по едно евро за секоја изговорена пцовка, а за само неколку дена биле собрани 150 евра, пренесува Обсервер.
Сопственикот смета дека оваа одлука поттикнува „цивилизирано однесување“, а неговите гости позитивно реагирале, објави Телеграф.рс.
Поединци решиле да ја платат „казната“ однапред, токму на влезот, бидејќи знаеле дека нема да можат да се исконтролираат додека пијат кафе со пријателите.
Сопственикот открил дека собраните пари се донираат во хуманитарни цели, што ја прави целата акција уште попопуларна.
Не помина многу време, а друг ресторан во Тревизо воведе „систем на казнување“. Разликата е во тоа што гостите плаќаат од едно до пет евра, во зависност од тежината на пцуењето.
Покрај тоа, тие можат да се одлучат за „специјален пакет“ кој вклучува три пцовки за 2,5 евра.