Градот Севиља стигна на насловните страници на разни медиуми во Европа поради неверојатните и бизарни одлуки на сопствениците на поединечни ресторани кои одлучиле на туристите да им наплатат посебен надомест за седење – на сонце.
Оваа одлука предизвикала бурни реакции кај посетителите на овој град, но и кај многу од жителите кои се огорчени поради тоа.
Сончевата Андалузија ужива во големиот број на туристи во текот на целата година, а таму доаѓаат и голем број Шпанци од други региони на земјата.
Меѓутоа, бранот на критики и неразбирање се слива на рестораните во градот Севиља. Во еден од рестораните на луѓето им било наплатено десет евра за да седат на сонце, наведува словачкиот портал „Час“.
На гостите кои дошле во ресторанот им било кажано дека не може да седат на едно од најдобрите места во локалот, на сонцето, затоа што тоа веќе го резервирале гости кои за тоа потрошиле десет евра.
„Уште понепријатно беше да се седи и да се гледа како ниту еден од столовите под сонцето не е пополнет“, опишал некој гостин којшто не бил сигурен дали туристите биле воодушевени со таквиот чин.
Тој додал и дека без оглед на тоа што нивниот град, смета дека таков вид на работење е крајно непочитување на гостите кои дошле да ги трошат своите пари таму.
Друг посетител бил бесен, па на интернет напишал: „Доколку ми наплатат десет евра да седам на сонце, Бог знае дека ќе си го однесам нивниот стол дома“, пренесува британски „The Sun“.
Некои други луѓе барале објаснување од ресторанот, а еден рекол дека овие специјални маси се резервирани за луѓето кои платиле, па оние кои дошле не можеле да седат таму, додавајќи дека наплатата е објаснета на нивната страница.