Иако се забранети посетите и дозвола за посета имаат само нејзината мајка и нејзиниот дечко, Младен Мијатовиќ, газдата на “Пинк“ Жељко Митровиќ сепак успеа да влезе во шок соба и да ја посети водителката Деа Ѓурѓевиќ која во петокот имаше сообраќајна несреќа.
“ Деа е неверојатно, посебна и неверојатно храбра. Во цела оваа трагедија и мака која ја снајде она мене ме прашуваше дали е се во ред во редакцијата. Просто неверојатно, каков надчовечки карактер Деа има. Во еден момент ми рече: “ Не знаеш како е да се видиш без рака“. Просто човек да се наежи. Сепак, се оди во добар правец, и и реков: “ И без две раце, и без две нозе ти би била една од најдобрите новинари и водителки“, што мислам дека многу и пријаше. И реков дека очекувам бргу да заздраве и дека сме сите со неа “ откри Митровиќ.