Жена му на газдата на фудбалскиот клуб Ливерпул, Џон Хенри, Линда Пицути ги воодушеви своите навивачи по завршување на мечот на кој нејзините фудбалери го победија Волверхептон, но ја изгубија титулата.
Имено, иако беше дотерана во розе фустан, ракавици и штикли, таа по мечот се симна на теренот на Енфилд, и шутирала кон голот. Нормално, го погодила празниот гол, но со својата природност ги воодушевила навивачите на Ливерпул.
@Linda_Pizzuti scoring at the #Kop end. pic.twitter.com/EPBbOs1rkx
— Kevin Farrugia (@merseypride) May 12, 2019
За потсетување, Линда во 2009 година се омажи за американскиот тајкун кој сега е газда на Ливерпул.