Елена Коцевска Груевска од Скопје преку нејзиниот Фејсбук профил се обрати до министерот за здравство Венко Филипче и понуди објект бесплатно за пренамена во болница.
“ Почитуван Mинистер
Видно од настанатата ситуација, видовме дека државата има потреба од дополнителни објекти, кои ќе служат како монтажни болници. Би сакала да понудам објект (се разбира бесплатно) од 650м/2 на едно ниво поделен на 2 еднакви простории, комплетно реновиран со 15 санитарни чвора…
Доколку имате потреба од таков простор и истиот е соодветен за потребите на државата со задоволство ќе го ставиме на располагање на истата, се со цел да се заштедат пари од државната каса за изградба на објекти, кои средства би се искористиле за други цели. Објектот се наоѓа во Аеродром, на булеварот карши Американ Колеџ”, пишува на својот Фејсбук профил Елена Коцевска Груевска.