Пред два дена социјалните мрежи се крена голема прашина за случајот на околу 40 медицински сестри на кој не им беа продолжени договорите за работа. Но, веќе наредниот ден министерот за здравство, Венко Филипче експресно се огласи и порача:
Од утре, 40те медицински сестри се враќаат на работа! Договорите со кои беа ангажирани на определено време во Здравствениот Дом – Скопје им се продолжуваат. Тие и понатаму ќе ја работат најблагородната професија – спасување на човечки животи!
Откако се реши овој случај со јавна благодарност излезе и една од медицинските сестри, Азра Цајани која на својот Fејсбук профил напиша:
“Во животот секогаш сум била благодарна за се и сешто, исто така и сум билла подршка заради ова и сега многу зазема место ова поговорка “Што си садела, ќе жнееш”.
Вчера јас помагав некој што не го знаев денеска тие мене ми помагаа, сите што не ме знаат, но не во виктимизирана смисла по што јас и многу како мене заслужуваат и треба да бидеме во употреба на целиот народ кога баш сега медицинскиот персонал е во недостаток.
Токму за ова, еден лајк или шер за мене беше многу вреден и надеж за да сите наши деца, родители, комшии што сега имаат потреба повеќе од било кога за нас.
И психолошка подршка, а сето ова неможе да го напраи подобро од една сестра која е образована и професионална со дипллома и со знае. Ви благодарам што бевте нашата азбука кога ние немавме букви“ напиша Азра.