Вујкото на убиениот тинејџер, кој пред два дена беше усмртен со нож во скопската населба Ново Лисиче, се огласи на Фејсбук:
-Ноќва ми е убиен внукот Никола Христовски – Кољо, анѓелот на вујче. Вујче едно само ќе ти обеќа, дека тој твој убиец вујче ќе ти го прати во пеколот, да му гори душата. Поздрав вујче, анѓелу мој, – напиша вујкото Сашо.
Инаку, настанот се случил околу половина час по полноќ на 14 август, на улицата „Февруарски поход“ во населбата Ново Лисиче. По претходна расправија меѓу 18-годишниот осомничен и негов другар од една страна и поголема група лица од друга страна, осомничениот се дал во бегство кон зградите во населбата. Неколку лица трчале по него и во момент кога му се доближиле, тој го извадил ножот со кој на оштетениот му задал еден удар во пределот на градниот кош. Повредениот бил пренесен во болница, каде подоцна починал, стои во соопштението од Јавното обвинителство.