Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговори на новинарско прашање за кого ќе навива во натпреварот за 3. место на Светското првенство, а конкретно се осврна на односите со Мароко.
„Им честитав на Хрватите во нашата земја, знам колку им значи ова и колку навиваа за Хрватска. Јас со цело срце бев и за Аргентина и за Мароко. Соседите не ги бирате, тука Бог ве поставува. Пријателите ги бирате. Зошто? Има емотивни причини, семејни зошто навивав за сите други против соседите. Пријателите ги бирате според сферите на интересирање, посветеноста, по меѓусебното почитување, а не по тоа каде живеат. Така, и Аргентина и Мароко, кога станува збор за Косово, не ја признаа независноста, и нема да го направат тоа – и едните и други се многу цврсти по тоа прашање.“, рече Вучиќ за време на гостувањето во емисијата „Четвртком у 9“ на српската РТС.
„Ги почитувам сите. Одете во Хрватска на море, јас нема. Навивајте за Хрватска, ве има колку, 11-12%, јас нема. Ви честитам за вашиот извонреден успех, тоа е навистина извонредна репрезентација. Навивав и за Аргентина во полуфиналето и за сите други, да бидам искрен. Така ќе биде и во иднина и никој нема да ми забрани и секогаш ќе зборувам слободно и баш ми е гајле кој што ќе напише во било кој медиум. Немам појма за кого ќе навивам во финалето, знам за кого ќе навивам во натпреварот за третото место. За Мароко! Тие се наши вистински браќа кои никогаш нема да го признаат независно Косово. Тие имаат проблем со Западна Сахара. Сега ќе ми кажете дека цел Нови Пазар навива за Мароко, а јас треба да кажам дека нема да навивам за никв затоа што се муслимани?“, порача Вучиќ.
Да потсетиме, Хрватска и Мароко веќе играа во Катар, кога го отворија натпреварувањето во групата Ф и одиграа натпревар без голови, а утре од 16 часот ги очекува нов дуел. Во исто време, ден подоцна, Аргентина и Франција ќе го одиграат големото финале.
Целосното гостување на Вучиќ во емисијата „Четвртком у 9“ на РТС, a делот каде зборува за Мундијалот почнува на 1:23:08: