Претседателот на Србија Александар Вучиќ во утринската програма на ТВ Прва ја искара водителката Јована Јоксимовиќ кога стана збор околу висината на платата.
Се започнало околу тоа кој колкава плата прима и кој најмногу “кука“ околу платата.
Додека Вучиќ и Јована имале жестока дискусија, водителот Срѓана Предојевиќ се обидел да ја смири ситуацијата.
Вучиќ им рекол помалку да “кукаат“ оти имаат одлични плати, посебно Јована.
“ Ти имаш повисока плата од Срѓан и се жалиш повеќе од него“ рекол Вучиќ.
“ Од каде знаете колкава е мојата плата. Ние исто работимо со Срѓан и платите треба да ни се исти“ возвратила Јована.
“ Пишуваше во весник. Вашиот газда се жалеше дека ви дава високи плати. Можете да кажете колку ви е висока платата?“ и врати Вучиќ.
“ За мене нема речено ништо. Не е пристојно да се каже висината на мојата плата, а јас за неа редовно си плаќам данок“ – му врати водителката.