Српскиот претседател Александар Вучиќ лично ги служеше гостите од регионот, меѓу кои беше и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ по повод доделувањето на одликувања на заслужни граѓани и институции.
Според фотографиите кои Вучиќ ги објави на Инстаграм, гостите од страна на претседателот беа послужени со прасечко печење.
Во служењето на гостите Вучиќ имаше помош од претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ.