Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе му подари на рускиот претседател Владимир Путин оригинален подарок – шарпланинец. Станува збор за тримесечен мажјак од оваа раса, а води потекло од Шар Планина.
Младенчето има сериозно педигре генерации наназад, пишува Блиц.рс
Ова е првпат претседателот на Србија да подари ваков подарок.
Покрај шарпланинецот, Вучиќ на Путин ќе му подари и икона.