Вучиќ му предаде 4.800 дози вакцини на Заев

by Тони Зографски

На граничниот премин Табановце денеска стигна првата пратка од вакцини на „Фајзер“, донација од Република Србија. Првите 4.800 од предвидените 8.000 вакцини против Ковид-19 на премиерот Зоран Заев му ги предаде српскиот претседател Александар Вучиќ.

 Заев пред присутните рече дека како израз на драгоцен чин на пријателство Србија споделува вакцини 4680 вакцини , како израз на пријателска и соседска подадена рака.

-Пакетот од 4.680 од вкупно 8.000 е израз на пријателска и соседска подадена рака за поддршка и прва помош за македонските граѓани додека да стигнат вакцините што ние ги нарачавме, истакна Заев во говорот.

-Ви благодарам на вас Заев што се борите за вашиот народ и тоа што ги баравте вакцините за нив. Од овие неколку илјади вакицни, секако дека ќе спасите, да не кажем неколку десетици, но секако неколку животи, а секој живот е за нас“, изјави Александар Вучиќ.

Покрај оваа пратка се очекува и испорака на 200 илјади дози вакцини од Кина, за кои е потпишан договор во понеделникот. Интерес за вакцинирање преку онлај апликацијата до вчера имаа иразено над 40000 граѓани.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com