Во Брисел се одржа проштална вечера за лидерите од Западен Балкан, во организација на високата претставнича на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. На вечерата присуствуваа претседателите Александар Вучиќ, Мило Ѓукановиќ и Хашим Тачи, премиерот на Македонија Зоран Заев и членови на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ. Еди Рама не можеше да присуствува на вечерата поради обврски.
Посебно расположен за шега бил српскиот претседател Александар Вучиќ.
– Хашиме, Федерика најмногу сака со тебе да се бакнува – рекол Вучиќ и по неколку секунди додаде дека Тачи се преправал дека не го разбира српскиот.
– Дали виде Мило тоа што јас го видов – го праша српскиот претседател својот црногорски колега.