Советничката за медиуми на претседателот на Србија, Сузана Васиљевиќ, говорејќи за здравствената состојба на Александар Вучиќ кој во петокот беше хоспитализиран, поради кардио-васкуларни проблеми, рече дека и самиот тој видел дека нешто сериозно не е ево ред, па побарал да биде примен на ВМА.
Во петокот здравствената состојба на претседателот на Србија нагло се влоши, па доцна попладне беше примен во болница. Вучиќ не признава настинки, температури и грипови, но сега и тој сфати дека нешто не е во ред, рече за ТВ Пинк, Сузана Васиљевиќ.
Толку беше лошо што сам побара да биде однесен во болница. „Трчавме“ по цел свет во најлоши состојби, но сам сфати дека овој пат нешто не е во ред. Утрово ги дознавме резултатите од анализите, а тој два дена помина на апарати, кажа советничката на Вучиќ.
Ситуацијата, како што вели, денеска е малку подобра и таа се надева дека српскиот претседател ќе почне повеќе да ги слуша докторите и да зема терапија.
Инаку, Вучиќ доби голем број пораки од Макрон, Додик, Борут Пахор, рече Васиљевиќ.