Груевски ме мачеше, немав стратегија за него, вели српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју зборувајќи за инвестицискиот бум во Србија во последните години.
Вучиќ вели дека дури 62% од вкупните инвестиции во Западен Балкан пристигнуваат во Србија. Во моментов нашиот северен сосед се чувствува супериорно, или како што вели тој, нема кој да ни ги преземе инвестициите.
-Сите фабрики ги донесовме ние. Донесовме инвеститори, ја направивме најдобрата политика. Нè мачеше Груевски. Година и пол барав тактика за нив. Нè мачеше зашто имаше добра политика за привлекување странски инвестиции. И цела година лутавме како да направиме подобра програма и најдовме и сите инвеститори им ги презедовме. Сега веќе никој ништо не зема. Сега се стиигнува во Србија, 62% од вкупните инвестиции во Западен Балкан, рече Вучиќ.
Comments are closed.