Канадската актерка Тејлор Расел ја изненадила јавноста кога се појавила со проѕирен фустан на модната Недела во Париз.
Никогаш нема крај на настаните во Париз. По животинската глава која ги красела креациите на модната Недела во Париз, во француската престолнина прошетала и актерката Рејлор Расел.
Таман кога сите помислиле дека по животинската глава од леопард нема да има ништо почудно и позабележително, Тејлор го носела највулганиот фустан некогаш.
Атрактивната 28-годишна актерка го напуштила хотелот во фустан којшто и најголемите модни експерти ги оставил без текст. Иако долниот дел бил составен од кафеаво вештачко крзно, за горниот дел треба храброст. Станува збор за тесна ролка од целосно проѕирен материјал којшто открил сè.
Смелата комбинација ја надополнила со кафеав мантил, со лакирани чизми до колена и црна чанта од луксузен бренд. Инаку, Тејлор е позната по својот храбар моден стил затоа што често истиот подразбира истакнување на атрибутите и екстравагантни парчиња.
Токму поради тоа и станала заштитно лице на шпанскиот бренд „Loewe“. А, на прашањето каков е нејзиниот пристап кон модата, Тејлор одговорила: „Се чувствувам како мало дете на кое му е дозволено да го прави сè ова во што моментално уживам. Зошто едноставно не трчаме по тоа игралиште? Ајде да видиме како тоа ќе се менува и развива“.