Од утринава како и вчера македонските граѓани заминуваат на вакцинација во Србија. Камерите на граничниот премин на Табановце покажуваат колони од автомобили и автобуси со граѓани кои одлучија да се вакцинираат против коронавирусот кај нашиот северен сосед.
На граничниот премин Табановце, поради зголемен интензитет, чекањето за излез од државата е околу 40 минути, информира Автомотосојузот во утринскиот извештај за состојбата на патиштата,
Инаку, во текот на вчерашниот ден за масовна вакцинација во Белград и во Ниш дојдоа илјадници граѓани од Македонија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, и странци од повеќе европски земји. Повеќе од 2.000 Македонци се вакцинираа во Белград, додека над 1.100 македонски бизнисмени се вакцинираа во Ниш.