-Третиот бран на коронавирусот најверојатно ќе започне на 12 септември, и иако ќе биде поблаг од вториот бран, се очекува до средината на декември да имаме околу 15.000 нови инфекции во Србија,- тврди проф. Д-р Петар Кочовиќ, редовен професор на Универзитетот „Унија – Никола Тесла“.
Ова е доста охрабрувачки, бидејќи претходните податоци најавуваа крај на 21 септември.
– Мојот петочлен тим составен од математичари и програмери, секојдневно ја следи состојбата во сите 216 земји. Ние ја користиме Гаусовата крива (математички модел заснован на работата на славниот германски математичар и физичар Јохан Карл Фридрих Гаус) што се движи на дневно ниво. Методологијата е единствена, а се заснова на повеќе бранови. Сепак, третиот бран треба да биде послаб од вториот, во кој, според овој модел, ќе имаме скоро 20.000 заразени до крајот, или околу 70 проценти повеќе болни и починати отколку во првиот бран, кој заврши на 26 мај, – објасни претходно Кочовиќ.
Според најновите пресметки, вториот бран во Хрватска треба да заврши на 18 септември, во Црна Гора два дена подоцна, во БиХ на 7 октомври, во Македонија на 16 ноември и во Бугарија на последниот ден од ноември.