Пратеникот Мухамед Зекири стапи во брак со поранешната директорка на телевизијата „Алсат М“, Бисера Јордановска, пренесе Фактор.
Кум на свадбата бил премиерот Зоран Заев заедно со неговата сопруга Зорица Заева. На свадбената прослава присуствувале и блиските пријатели на Зекири и Јордановска, меѓу кои бројни новинари, нивни поранешни колеги и јавни личности.
Бисера Јордановска, пак, е поранешна директорка на „Алсат М“ телевизија. Нивната љубов „успеа да ги преброди сите препреки и предрасуди, а сега да биде крунисана и со брак”, пишува Фактор.
Зекири претходно беше во брак од кој има и две деца.