Холандскиот возач на мотоцикл, Едвин Строер, почина откако падна со неговиот мотоцикл пред две недели за време на претпоследната фаза на релито Дакар во Саудиска Арабија, потврди вчера неговата сопруга.
48-годишниот Строер по инцидентот претрпе многу тешка повреда на ‘рбетот, а неговото срце запрело во рок од 10 минути по мозочниот удар. Тој бил пренесен со хеликоптер во болница во Ријад, а донесен во неговиот дом во средата, каде што лекарите потврдија дека нема надеж Стовер да излезе од кома поради премногу сериозно оштетување на мозокот. Денеска, по консултација со неговото семејство, беше решено да се прекине вештачката поддршка на животот.
Ова е втор фатален инцидент на годинашното издание на Релито Дакар, по несреќата на португалскиот возач Пауло Гонсалвес (40) на 12 јануари. Со смртта на Строер, во текот на годините на ова рели настрадале вкупно 26 возачи.