Пејачката дива Селин Дион е во центарот на вниманието, особено, на француската јавност. Таа веќе неколку дена е во Париз, каде во друштво на 34-годишниот танчер и наводно нејзин дечко, Пепе Муноз од првите редови ги следи колекциите на реномираните дизајнерски имиња.
Иако од мината година ја негира љубовната врска со 16 години помладиот танчер, Селин по се изгледа планира врскато повеќе да не ја крие од јавноста. На ревијата на дизајнерот Алехандро Вотиер, канадската пеачка јавно разменуваше нежности со танчерот, со што додатно ги потикна претпоставките дека тие двајцата се во врска.